Денес повторно е забележана кражба на садници кај пешачката патека која се гради од мостот кај езерската полиција до Горица.
Покрај скоро секојдневното крадење на украсни зимзелени грмушки, и садници од видот „Виола”, денес беше забележано дека несовесните граѓани украле 2 листопадни дрвја од видот „Каталпа”, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.