На 7мај во Основното училиште „Христо Узунов“, Охрид традиционално се одржаа регионалните хорски и оркестарски натпревари. Учествуваа ансамбли од Струга, Кичево и Охрид. Оваа година конкуренцијата беше силна, а критериумите на комсијата многу високи.
Натпреварот го следеа родители и ученици кои уживаа во празникот на музиката. Беа изведени композиции од различни жанрови.
Хорот при ОУ „Христо Узунов“ настапи со две композиции – една обавезна, а другата авторска од наставници. Трудот беше награден со најголем број бодови за прво место.
На натпреварите имаше и II категорија најдобар глас и инструменталист од ова училиште учествуваа пет ученици и сите беа наградени.
За најдобри гласови:
- Донеска Викторија I место
- Танеска Теодора II место
- Мојсовска Анастасија и Трпеска Марија (дует)- II место
- Поп Донеска Теодора III место
- Во категоријата најдобар инструменталист:
- Николовски Никола II место
И оваа година ОУ „Христо Узунов“ Охрид се покажа како добар домаќин и организатор.