Прво место за хорот при ОУ „Христо Узунов“ на Регионалните хорски и оркестарски натпревари

На 7мај во Основното училиште „Христо Узунов“, Охрид традиционално се одржаа регионалните хорски и оркестарски натпревари. Учествуваа ансамбли од Струга, Кичево и Охрид. Оваа година конкуренцијата беше силна, а критериумите на комсијата многу високи.

Натпреварот го следеа родители и ученици кои уживаа во празникот на музиката. Беа изведени композиции од различни жанрови.

Хорот при ОУ „Христо Узунов“ настапи со две композиции – една обавезна, а другата авторска од наставници. Трудот беше награден со најголем број бодови за прво место.

На натпреварите имаше и II категорија најдобар глас и инструменталист од ова училиште учествуваа пет ученици и сите беа наградени.

За најдобри гласови:

  • Донеска Викторија I место
  • Танеска Теодора II место
  • Мојсовска Анастасија и Трпеска Марија (дует)- II место
  • Поп Донеска Теодора III место
  • Во категоријата најдобар инструменталист:
  • Николовски Никола II место

И оваа година ОУ „Христо Узунов“  Охрид се покажа како добар домаќин и организатор.