Пораст на прометот во индустријата во март

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 116.6.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март 2017, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 2.7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20.1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 15.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16.7%.

Според главните индустриски групи, прометот во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.1%, Капитални производи за 22.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%.

Индексот на прометот во индустријата во март 2017 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 114.8, додека во периодот јануари-март 2017 година, во однос на периодот јануари-март 2016 година, изнесува 111.1.