Донација од Австралиската амбасада во Белград за ОУ „Дебрца“

По повод добивањето на донација од Австралиската амбасада во Белград преку DAP програмата, во износ од 1423AUD, основното училиште Дебрца се збогати со јазично катче со литература на англиски јазик и помагала кои ќе го збогатат и олеснат процесот на учење на овој странски јазик.

Целосното осмислување како и целосната реализација на проектот се должи на заложбите на наставничката по англиски јазик, Наташа Мироска Ламбески, во координација со наставничката Љупка Јакимоска.

Донацијата беше поддржана од градоначалникот на Дебрца,  Игор Трајкоски, а во најголем степен помогната од страна на македонскиот конзул во Австралија, почитуваниот Зоран Ќосески и почитуваната амбасадорка Џулија ФИНИ.

По повод целосната реализација на проектот претставниците на Австралиската амбасада од Белград

Mr Glenn Morrison, Deputy Head of Mission (Mr.Глен Морисон-Први секретар и конзул)
Ms Vanja Jukic, Visiting officer from Australia (Службено лице во посета)
Mr Zoran Kostovski, Honorary Consul (Почесен конзул)
Ms. Biljana Bizic-(претставник од амбасада), остварија посетија на училиштето . Претставниците имаа можност да видат како се реализираат часови во јазичното катче и да се уверат од колкава важност е нивната донација за нашето училиште.

Претставниците освен посета на јазичното катче имаа средба со директорот на училиштето Иван Димоски и градоначалникот на општината Игор Трајкоски.

После посетата на училиштето претстаавниците на амбасадата имаа можност да го посетат прекрасниот манастир Сите Светии во село Лешани кој има богата историја и е од големо значење за жителите на општина Дебрца.

Наставничката Наташа Мироска Ламбески во името на училиштето како благодарност им поклона бакрорез со златната маска на Требеништа.