Невладината организација ТАКТ, започнува со реализација на проектот „Обединети преку спорт“, поддржан од амбасада на САД во Македонија, чија цел е да се промовира социјално вклучување на маргинализираните групи преку спортски активности, зајакнување на жените преку спортот, и решавање на конфликти и градење на мирот преку спортот.
Проектот ќе создаде Мрежа на Спортски Лидери, кои ќе учествуваат на работилници и активности за градење на капацитети, предводени од национални и меѓународни експерти. Лидерите ќе развијат и имплементираат акциски планови во нивните заедници, промовирајќи ги горенаведените теми. Покрај ова, лидерите ќе имаат можност да се пријават за учество на двонеделна програма за спорт во САД.