Кривична пријава за жител од струшко Подгорци кој бесправно градел

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци.

При инспекциски надзор извршен на 20-ти минатиот месец од градежна инспекција при општина Струга, утврдено е дека пријавениот, започнал со градба на ограда без одобрение, со димензии 6,90 метри 1/3,30 м1+3,60м1 и во висина од 0,35 метри. Тоа, неовластено го направил на катарстарска парцела во атарот на селото Подгорци. Поради констатирани незаконитости и немање соодветна документација, градежна инспекција при Општина Струга донесла решение за отстранување на нелегалната градба.