Основци од „Кочо Рацин“ меѓу најдобрите на Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“

Вчера во ОУ „Реџо Рушит Зајази“ во Кичево се одржа Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“ за училиштата од југозападниот дел на Македонија.

Во натпреварувачката помала категорија, најдобри резултати покажа Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“-Охрид. Тој го освои првото место, а четвртото место го освои негпвата соученичка од истото школо Христина Вељановска.

Тимот на „Кочо Рацин“, предводен од менторот Јулија Крстева, во екипен генерален пласман го освои второто место, а првото место го освои екипата на Кичево.

Според предвидените пропозиции, најдобро пласираните шест ученици во двете категории од Регионалниот, ќе учествуваат на Републичкиот натпревар „Детски семафор-2017“ што во сабота, на 20-ти месецов ќе се одржи во Скопје.