Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Зоран Заев.
„Почитувани претставници на медиумите,
Пречките за доверување на мандат за состав на Влада на Република Македонија се отстранети.
Денеска пристапуваме кон исполнување на член 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија за определување мандатар за состав на Владата на Република Македонија.
Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која има мнозинство во Собранието на Република Македонија, го предложи господинот Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандат за состав на Влада на Република Македонија.“ – истакна Иванов.