Дополнување на соопштението во врска со настаните од Собранието на Македонија на 27.04.2017

Во претходното денешно соопштение што го објави Министерството за внатрешни работи во врска немилите настани што се случија во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година беше информирано дека на 18.05.2017 година, од страна на полициски службеници од СВР Скопје, постапено е по издадена наредба од Судија на претходна постапка за вршење на претрес во дом и други простории кај лицето И.Ј. (46) од Куманово, но претресот не бил извршен бидејки никој не ја отварал вратата.

Ве информираме дека претресот не бил извршен затоа што судија на претходна постапка од Основниот Суд Скопје 1 издал таква наредба. Во 06.15 часот бил воспоставен телефонски контакт со Судија на претходна постапка од Основен Суд Скопје 1, која била информирана за моменталната состојба(дека никој не ја отвора вратата), при што истата кажала да не се постапува по дадената писмена наредба(да не се влегува во станот со кршење на влезната врата).