Пролонгирање на рокот на електронската апликација за нарачка на учебници за учебната 2017/2018 година

Министерството за образование и наука информира дека ќе се пролонгира рокот на електронската апликација за обезбедување на учебници за основните и средните училишта и истата ќе биде активна до 31.05.2017 година. Ве замолуваме во дадениот рок да ја пополните апликацијата и печатената верзија од истата со печат и потпис да ја доставите до Педагошката служба (ул.“Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје)

ucebnici.mon.gov.mk