Денеска се одржа средба помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите.
Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства.