Во периодот од 17/18.05.2017 година во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи, во организација на ОБСЕ и Амбасадата на Република Италија, се одржа работилница на тема „Синтетички дроги и нови психотропни супстанци“.
Предавачи беа експерти од Република Италија, Антонио Савоиа и Рикардо Малорни.На работилницата присуствуваа вработени од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и тоа од: Одделот за недозволена трговија со дрога, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Управата за безбедност и контраразузнавање, вработени во Агенцијата за разузнавање и вработени во Царина.
По завршување на обуката беа доделени сертификати во присуство на Заменик Амбасадорот на ОБСЕ, Џефри Голдстајн, Заменик Амбасадорот на Република Италија Алесио Ликуори и помошникот на министерот на Одделот за однсои со јавност и стратешки прашања г. Јордан Ламаноски.