СВР Охрид поднесе кривична пријава, против В.К.(41) oд Скопје, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело “овозможување на употреба на наркотични дроги” по чл.216 ст.2 од КЗ на РМ.
На 14.07.2016 година откако претходно набавил марихуана, пријавениот заедно со неговите другари од Охрид отишле на плажата „Лагадин“ каде истиот ги почестил со по една рачно изработена цигара „џоинт“ со мешавина од марихуана и тутун,а потоа заедно се оддале на уживање од наркотичната дрога.