СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.С.(30) од Охрид, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривични дека “тешка кражба” по чл.236 ст.1, чл.236 в/в чл.19 и чл.236 ст.5 од КЗ на РМ.
Во временскиот период од 27.03. до 05.05.2017 година во црквите ,,Св.Тома“ во с.Лескоец (во два наврати), во ,,Св.Цар Костадин и Елена,, во Охрид , Св.Наум,, – атар на с.Лескоец, ,,Св.Спас“во с.Лескоец и во Џамија во Охрид, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден алат, извршил тешки кражби и тешка кражба во обид, од каде одзел околу 2.200 денари.