На 23.05.2017 година околу 02:40 часот во с.Мешеишта, охридско, двајца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа. Сторителите со пиштол се заканиле на вработениот и од касата одзеле 3. 000 денари. После тоа со пластични стеги го врзале вработениот, му го одзеле мобилниот телефон и избегале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.