Шилегов: Влеговме во разговори околу составот на Владата

Шилегов: Влеговме во разговори околу составот на Владата
23.05.2017

Одговори на новинарски прашања,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 23.05.2017

Медиуми: Денес имаме ослободителни пресуди така што…?

Шилегов: Искрено се надевам дека никој кој учествувал во оваа партиски нарачана пресуда, нема да го доживее она што го доживеаја пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство на нивните работни места да бодат нападнати од толпа за да знаат дека ваквите пресуди што ги донесоа се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата на македонското судство.

Медиуми: Ќе продолжат ли и денес разговорите помеѓу партии околу состав на новата Влада и дали ќе се разговара за министерските места?

Шилегов: Разговорите за состав на Владата знаете дека перманентно траат, во моментот кога ќе имаме информација за споделба, таа ќе биде соодветно споделена.

Медиуми: Денес ќе има работни групи или мандатарот ќе има средби?

Шилегов: Преговорите траат на сите нивоа, тоа можете да го видите и во текот на вчерашниот ден, како и во текот на денешниот ден, сите активнотсти што ќе се одвиваат, ќе ги обелодениме.

Медиуми: Ќе има ли приближување на ставовите, вчера и БЕСА беа тука повторно?

Шилегов: Мислам дека делот којшто се однесува на заокружување на принципите и начинот на функционирање на новата Влада, полека, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу составот на Владата.

Медиуми: Дали е воопшто доведено во прашање поддршката на БЕСА за влез во Владата?

Шилегов: Повторно велам, штом ќе биде било која информација зрела за споделување со јавноста ќе ја споделиме. Вие сте сведоци на изјавите и на претседателот и мандатар Зоран Заев, меѓутоа и на претседателите на политичките партии којшто го поддржаа мнозинството за состав на Владата.

Медиуми: Дали Заев ќе оди утре во Брисел?

Шилегов: Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на новата Влада доби лична порака од Еврокомесарот Могерини за присуство на утрешната средба којашто најпрво ќе опфаќа билатерална срдба, помеѓу претседателот Заев и Еврокомесарот Могерини и потоа заедничката вечера со Премиери од регинот.