Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации и Општина Охрид, денеска во спортската сала на ОУ „ Григор Прличев“ беше промовиран проектот „ Спортот и семејните вредности“ . Децата, заедно со родителите, со помош на професорите се рекреираа и спортуваа играјќи штафета со топка,подавање под нозе и со глава, фудбал и ракомет, штафетно пресоблекување дрес и шутирање топка на мали голчиња.
Семејниот спорт и рекреација, според организаторите на проектот, имаат многу предности,меѓу кои најважно е позитивното влијание на детското здравје, односно здравјето на целото семејство,развој на општите способности кај децата и емотивното задоволство и опуштање на родителите од постојаниот секојдневен притисок. Преку овој проект, почнува процес кој ќе помогне за подигнување на јавната свест за значењето на спортот и рекреацијата, како здрави животни навики и стил на живеење.