Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес и утре (26 мај 2017 година, петок) ќе престојува во посета на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”.
Денеска – 25 мај е предвидено претседателот Иванов да ја посети базиликата „Свети Климент”, каде ќе биде положен венец на гробот на Св. Кирил. Претседателот Иванов ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре”, а во текот на денот ќе ја посети и базиликата „Сан Паоло”, каде ќе положи цвеќе на гробот на Св. Павле. Во вечерните часови претседателот Иванов ќе присуствува на концерт на етно групата „Баклава”.
Утре – 26 мај, претседателот Иванов ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.