Интензивно се гради Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

Интензивно се одвиваат градежните работи на Светиклиментовиот Универзитет во Плаошник, чија инвестициска вредност изнесува 28 милони евра.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Денот на светите просветители Св. Кирил и Методиј заедно со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска извршија увид на градежните работи. Притоа од директорката на Завод и музеј Охрид, Тања Паскали беа информирани дека оваа година се планира целосно да бидат завршени археолошките истражувања, при што пронајден е богат корпус на артефакти, а паралелно се врши и нивна конзервација

Паскали посочи дека во моментот течат градежните работи на фасадата на Резиденцијата на Македонската православна црква и на Богословскиот факултет, кој ќе се состои од три ламели.

Треба да ги завршивме археолошките истражувања со што Плаошник ќе биде целосно археолошки истражен. Се надевам дека до крајот на годината фазата карабина ќе биде комплетно завршена и ќе се отпочне со обработка на фасадите. Остануваат уште проектите за партерно и енетериерно уредување кои ќе бидат изработени согласно автентичните археолошки традиции, додаде таа.

Според Груевски ова е капитален проект и за туризмот, но и за духовниот туризам во Охрид.

По целосно завршување на изградбата на сите објектите од овој проект археолошките артефакти ќе бидат изложени и презентирани на посетителите заедно со мозаиците.

Комплексот Климентов универзитет е измислен како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар во кој ќе бидат смесени Свети Климентовата книжевна академија и Македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува контиунуирано проучување на цивилизациите, културите и религите кои постоеле на овие простори во минатото.

Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, Светиклиментова библиотека, галерија на икони, музеј на Плаошник, Конзерваторска школа, академија и седум депанданси на светски универзитети.

Груевски денеска направи увид и на завршените реставраторски работи на дел од Самуиловата тврдина во Охрид.