Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија:
ОБЈАВУВА
Барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река за водоснабдување на население, индустрија, наводнување на земјоделско земјиште и за хидроенергетски потреби, со изградба на брана „Речани” и пропратни објекти, во општина Кочани.
Согласно член 30 став (1) од Законот за водите (Сл. Весник на Р. Македонија бр. 87/08, 06/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16), до Министерството за животна средина и просторно планирање доставено е барање за издавање на Дозвола за акумулирање и користење на водите од Оризарска река за водоснабдување на население, индустрија, наводнување на земјоделско земјиште и за хидроенергетски потреби, со изградба на брана “Речани” и пропратни објекти, во општина Кочани.
Подносител на барањето:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул: “Аминта Трети” бр. 2
1000 Скопје
Локацијата на браната и акумулацијата „Речани” се наоѓаат во источниот регион на Република Македонија, источно од градот Кочани. За полнење на акумулацијата ќе се користат водите од Бела Река и Црна Река кои во својот состав ја формираат Оризарска Река. Преградното место за браната се наоѓа на околу 500 м низводно од составот на Бела Река и Црна Река, а на околу 8,0 км возводно од с.Оризари.
Браната е дефинирана со следните координати:
Точка 1 Y: 7.620.867 Х: 4.650.611
Точка 2 Y: 7.621.069 Х: 4.650.599
Информации во врска со барањето, заинтересирана јавност може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање, на е-mail b.nikcevski@moepp.gov.mk.
Засегнатата јавност, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислења и забелешки во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање булевар „Гоце Делчев” бр. 18 зграда на МРТ (10 спрат), 1000 Скопје.