Осмоодделенци од „ОУ „Живко Чинго“ во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга

Во рамки на програмата по предметот Биологија, учениците од осмо одделение од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, заедно со наставничката, Маја Попоска, денес беа во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга.

Осмоодделенците научија дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството.

Тие имаа можност  да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани растителни и животински видови, по потекло од Охридското езеро и од околината на Стуга и Охрид. Посебна атракција на музејот е примерокот на теле со две глави.

Во изложбата се уредени голем број мали и големи диорами (витрини) во кои се прикажани повеќе видови животни со нивните карактеристичи места на живеење.

На крај, учениците се вратија среќни и задоволни што ја имаа оваа посета.

WebOhrid