Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните од Исламска веросиповед по повод почетокот на Рамазанските пости. Во честитката стои:
„На сите граѓани од Исламска вероисповед им го четитам почетокот на големиот пост, месецот Рамазан, со искрени желби припадниците на оваа мирољубива, хумана и човекољубива вера, да го поминат во мир и спокој со своите семејства, пријателите, соседите… Во следниот месец на нашите комшии, пријатели, другари и побратими муслимани Севишниот нека им ги услиши молитвите и низ постот нека им помогне во духовното и телесно прочистување.
Охридските Муслимани како дел од нашиот град со векови се еден од столбовите на животот, опстојот и развојот на хуманото општество и традиционалните и позитивни човечки вредности во Охрид.
Во време на овој за нив свет месец , Севишниот нека ги услиша молитвите на нашите сограѓани Муслимани и нека даде здравје спокој и мир во нашиот сакан град Охрид , а сите нас да не постети на Божјиот благослов даден на нашиот град да биде дом на луѓе од различни вери и во него традиционално со векови да се негува меѓусебна почит и уважување меѓу луѓето.
Почитувани сограѓани Муслимани,
Во име на функцијата на која се наоѓам, во мое лично име и име на моето семејство, на сите Вас во испраќам честитки за почетокот на месецот Рамазан.
Рамазан Мубарак !“ – стои во честитката.