Вчера издадени 5.179 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 30.10.2015 до 31.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 5.179 странски државјани, од кои 2.415 се од машки пол, 943 се од женски, 1647 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 174 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3060, Авганистан –1.417, Ирак-467 додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 31.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 197.989 странски државјани, од кои, 121.429 се од машки пол, 28.642 се од женски, 38.679 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.239 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-128.773, потоа Авганистан-39.423, Ирак-15.391, Пакистан-4.256, Иран-3.376, Палестина-1.667, Сомалија-973, Бангладеж-910, Конго-495, Нигерија-256, Камерун-222, Еритреја-212, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 30.10.2015 до 31.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 31.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.