Хит комедијата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…” вечерва во Центарот за култура Струга

Вечерва од 19 часот во Центарот за кулрура ” Браќа Миладиновси – Струга, ќе се одигра хит- комедијата “Првин ќе ме земеш после ќе ме…” во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат познатите македонски актери: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ.

Претставата е одиграна вкуpно 30 пати на сцената на Театар Комедија во Скопје и низ повеќе градови низ републикава што е потврда дека станува збор за вистинска ХИТ – комедија.

Еве и нешто за содржината на претстава:

Џоле и Кети се двајца кандидати пријавени во реално шоу, за спојување на сродни души. Тој со еден неуспешен брак зад себе си, решен никогаш повеќе да не се жени а таа славеничка на 30-ти роденден и решена баш вечерва со него да се мажи.

Овa е претстава во која публиката гласа и донесува одлуки за тоа како ќе се развива претставата, а со тоа инивната судбина. Цената на билетот е 100 ден.