Шекеринска: Создадовме доверба, ќе продолжиме да работиме многу, за живот во Македонија!

Обраќање, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ на 22-ри Конгрес на СДСМ

„Почитувани колеги, другари и другарки, почитувани медиуми,

Сакам најпрвин да ви се заблагодарам за поддршката и тоа не оваа од денес, туку за поддршката којашто ни ја дававте сите овие тешки 4 години.

Денеска претпоставувам дека беше полесно да се одлучува.

Денеска беше полесно да се даде поддршка, но во овие изминати четири години иамвме навистина ситуации во кој 10 пати моравме да мериме пред пресечеме. И мислам дека клучниот збор кој покажавме дека функционира секаде и во оваа сала, и во оваа држава, и меѓу граѓаните, меѓутоа и помеѓу нашите меѓународни партнери е зборот доверба.

Пред 4 години ја добивме вашата доверба за да создадеме доверба на сите кон СДСМ, кон опозицијата, кон ова прогресивно движење кое сака да го врати животот во Македонија.

4 години целта ни беше да создадеме доверба кај сите оние кој со сите оние со коишто соработувавме за доброто на оваа држава, не беше лесно, меѓутоа чекор по чекор, стапка по стапка, создававме впечаток на партија која знае што сака, создадовме впечаток на луѓе кој знаат кај ја движат државата и партијата и најважно од се, создававме впечаток на луѓе, организација, партија, кои се добронамерни и се борат не за позициите, туку за шансите којшто ќе и ги донесат на својата земја.

Затоа во изминативе 4 години успеавме да го зголемиме партнерството наше, создадовме партнерство со многу граѓански, независни организации.

Создовме партнерство со многу политички партии, но создадовме партнерство со различни луѓе и институции кој влијаат на одлуките на меѓународна сцена.

Денеска повторно ја баравме и ја добивме вашата доверба за сега да го создадеме истиот впечаток, меѓутоа не за себе, и не само за нашата партија, сега сакаме тој впечаток да го создадеме за нашата татковина.

Нашата цел е многу позната, јасна, тешка и возможна, а тоа е да ги заборавиме изгубените 11 години и Македонија да ја вратиме и на траката за членство во ЕУ и на траката за членство во НАТО. Не заради тоа што ќе значи пофалба на нашите политички заложби, туку затоа што сме сигурни дека Животот во Македонија за сите ќе биде подобар ако Македонија стане членка и на НАТО и на ЕУ.

Сакам благодарејќи на вашата доверба денес да ви ветам дека заедно ќе работиме многу, да ви ветам дека заедно ќе работиме во полза на Македонија и да ви ветам дека по 4 години, повторно ќе бидеме горди на тоа што заедно го направивме.

Да живее Македонија!“ – истакна Шекеринска.