Согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација, Московскиот државен институт за меѓународни односи при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за академската 2017/2018 година доделува една стипендија за студирање на кандидат од Република Македонија.
За аплицирање потребни се следните документи:
1) Документ за завршено средно образование (во прилог на документот, составен на еден од националните јазици на Руската Федерација или на странски јазик, потребно е да се приложи и превод на руски јазик, заверен во руско нотаријално биро, или во конзулатот на Руската Федерација во земјата каде е издаден документот);
2) Копија од лична карта и пасош;
3) 2 фотографии 3 x 4 цм (црно – бели);
4) Лична биографија;
5) Мотивациско писмо;
6) Две препораки
7) Пријава на македонски јазик и
8) Пријава на англиски јазик
Документите во два примерока се доставуваат до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и технолошки развој, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Македонија. Краен рок за аплицирање е 16.06.2017 година.
Доколку нема познавања на рускиот јазик, предвидено е избраниот кандидат да посетува подготвителна јазична настава пред уписот на високо образовната установа.
Подетални информации можат да се обезбедат на www.mgimo.ru.
Лице за контакт во Министерството за образование и наука – Гоце Видановски, (02) 3 140 185 и 076 485 061