Прекин во сообраќајот на сите три гранични премини кон Грција

Поради најавениот еднодневен генерален штрајк на грчките царински служби, од вечерва па во наредните 24 часа, во прекин ќе биде сообраќајот на сите три гранични премини кон Република Грција.

Притоа македонските служби беа известени дека на Граничниот премин Стар Дојран од вечерва во 21,00 часот до утре (01.06) во истото време нема да бидат пропуштани патнички и товарни моторни возила, односно ќе бидат пропуштани само пешаци. Потоа на Граничниот премин Богородица од вечерва, односно од 00,00 часот на 01.06 до истото време на 02.06 целосно ќе биде во прекин сообраќајот со ТМВ, додека пак за време на 24 часовниот штрајк автобускиот и патниот сообраќај ќе функционира со прекини (60 минути блокада и 15 минути пропуштање на возила). Исто така целосно во прекин ќе биде сообраќајот на Граничниот премин Меџитлија, освен за патници кои пеш ќе ја минуваат границата, а во периодот од 00,00 часот на 01.06. до истото време на 02.06.