Пронајдена дрога кај скопјанец при претрес во неговиот дом во Струга

Вчера во 10:10 часот, со наредба од Основен Суд Струга, полициски службеници од ПС ОН Струга извршиле претрес во домот на А.Ѓ. (33) од Скопје со цел пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претресот биле пронајдени едно мало пакување со непозната тревкаста материја, еден шприц со непозната темна течност, една бела најлонска ќеса со мала количина непозната тревкаста материја и една најлонска ќеса со 11 шприцови со непозната темна течност, додека во дворот биле пронајдени уште шест пакувања непозната тревкаста материја.

Пронајдените предмети се фото-документирани и подигнати за вештачење. А.Ѓ. е приведен во НК КР Струга за понатамошна постапка.