Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Владата на Република Македонија и г. Емил Димитриев, поранешен претседател на Владата на Република Македонија.
Претседателот Иванов се заблагодари на двајцата поранешни премиери за досегашната соработка, посочувајќи дека во изминатиот период Владата на Република Македонија вложи големи напори за заштита на националните интереси и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.
Македонскиот претседател изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно и конструктивно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија.
Следно >