Дoсегашниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска ја предаде должноста на новоименуваната министерка за образование и наука Рената Тренеска Дескоска.
Поранешниот министер, Лутфиу, честитајќи и изборот на новата функција и посака многу успех во работата, како и успешна имплементација на проектите, при тоа нудејќи го безрезервно неговото искуство при реализација на задачите за доброто на граѓаните на Република Македонија.
Министерката, Рената Тренеска Дескоска, заблагодарувајќи се на досегашниот ангажман на г-динот Лутфиу, изјави дека е подготвена за предизвикот кој претстои пред неа, како министер за образование и наука, и му посака успех на нејзниот претходник во иднина како на личен, така и на професионален план.
Новиот министер за образование и наука, Рената Тренеска Дескоска е професорка на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, има искуство како пратеник, потпретседател на Собранието на Република Македонија и шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното Собрание на ОБСЕ.