Собранието го укина екстерното тестирање

Со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан, попладнево на 4-тата седница Собранието на Република Македонија, го укина екстерното тестирање. Беа направени измени на три закони – за основно образование, за средно образование и законот за во наставници во основното и во средното образование.

Епилогот на гласањето беше проследено со аплауз во салата, во која отуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Како единствен претставник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев претходно истакна дека поради инцидентот со пукањето врз екс министерот за здравство Никола Тодоров нема да учествуваат во расправата и побара таа да се одложи.

Законите беа предложени од пратениците на предизборната коалиција на СДСМ.

Извор: lokalno.mk