Блескав настап на младите волонтери на Црвен крст Бар, Црна Гора на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа претставата „РАЗБУДИ СЕ И БИДИ ТУКА“ преку која на сликовит начин ги истакнаа врсничкото насилство, дрогата и трговијата со луѓе, како најчести предизвици, проблеми и искушенија со кои се соочуваат младите и испратија силна порака за љубов, здравје, радост, среќа, насмевка, доверба како вистински смисол на животот.
Завршетокот на „ВДИШИ ТЕАТАР“ е резервиран за младите актери од театарската група на Црвен крст Крагуевац, Србија кои вечерва (3.6.2017) во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 20:30 часот ќе ја изведат театарската претстава „РУСКИ РУЛЕТ“.