Премиерот Заев до ракометарите на Вардар: Испишавте историја, Македонија е со вас и на утрешниот натпревар!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја честита големата победа на ракометарите на Вардар над ракоментниот гигант Барселона, на вечерашниот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони што се одржа во Келн, Германија.

„Во име на граѓаните на Македонија изразувам голема благодарност до ракометарите на Вардар за огромниот успех.

Испишавте историја во ракометот и спортот во Македонија!

Сите ние сме горди на вашата тимска игра и спортскиот дух. Македонија е со вас! Среќно на утрешното финале“, е пораката на премиерот Заев до ракометарите на Вардар.