Маскенбал во Велгошти по повод Прочка – Поклади

По повод празникот Прочка – Поклади, утре, недела (13-ти март), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал.

„Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти.

Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров“.

WebOhrid