Обраќање на екологистот Лазо Наумоски по повод Светскиот ден на Екологијата

Во интерес на вистината за истребувањето на охридската пастрмка и изнаоѓање на правото решение з нејзината заштита и опстојување во водите на охридското езеро ви го испракам моето обраќање.

ОБРАЌАЊЕ

Од Наумоски Лазо

Дипл. Инженер Агроном

Експерт по Аграр и Екологија и независен Екологист од Охрид

ПОВОД: Петти Јуни светски ден на Екологијата, и поминати две години од промовирањето на книгата “Битка за спас на Охридската еднемична Пастрмка и нејзино истребување”.

Книгата е промовирана на светскиот ден на Екологијата 05.06.2015 година во простотиите на Домот на културата Григор Прличев во Охрид.

Содржински книгата обработува пет поглавја:

– Генералии за авторот на книгата и иницијатор за мониторинг на риболовот на Охридското езеро во периодот 2004-2014 година.

– Состојбата на рибниот фонд на Охридското езеро пред да се воведат високите пловечки мрежи како риболовен алат во далечната 1986/87 година со посебен акцент на Охридската ендемична пастрмка

– Вистината за истребување на Охридската ендемична пастрмка од водите на Охридското езеро

– Битка за спас на Охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување

– Отворање нов правец во искористувањето на економските потенцијали на салмонидните риби од Охридското езеро со посебен акцент на Охридската ендемична пастрмка

За потсетување:

Состојбата со Охридската пастрмка (Salmo letnica Karaman)во водите на Охридското езеро е алармантна и сериозно загрижувачка. Се што е содржински напишано и проговорено за Охридската пастрмка од стручен, научен и еколошки аспект од моја страна како автор на книгата, во пракса се покажа оти сум ја проговорил правата вистина за Охридската пастрмка. Посебно сакам да го нагласам петтото поглавје и како идни концесионери на Охридското езеро во 2018 година пожелно би било да бидат локалните власти на Охрид и Струга. Охридското езеро да се прогласи како природен матичњак за Охридската пастрмка за
добивање рибен подмладок за порибување на:

– Охридското езеро со неговите сливни реки

– Сите реки, акумулации, природни и вештачки езера во РМ каде за тоа одговараат природните услови

– Во сливното подрачје на Охридското езеро каде има услови во приватен сектор за потребите на хотелиерството и туризмот, пастрмката да се одгледува во рибници

– Стопанскиот риболов целосно да се укине а да му се даде предност на спортскиот риболов поврзан со туризмот

– Чувањето на езерото како идни концесионери ќе си го организираат локалните власти на Охрид и Струга со свои ангажирани луѓе и сателитска контрола на целото езеро.

Благодарение на спортскиот риболов поврзан со туризмот, кое ќе го организираат локалните власти на Охрид и Струга ќе станат економски моќни локалните самоуправи за да можат да ги решат сите економски, еколошки и туристички проблеми. Овие активности се во интерес на граѓаните на Охрид и Струга и самото Охридско езеро со неговото сливно подрачје.

Со почит,
Наумоски Лазо

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.