Богат асортиман на цветен материјал во Расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“

И оваа сезона во расадникот на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” се произведени голем број на садници од најразновиден цветен материјал.

„Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија (обична и висечка), тагетес (џунџуле), салвиа (жарче), целосиа (петлов гребен), импатиенс (лепи јово), агератум, винка и циниа.“ – велат од претпријатието.

Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на „Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располага.