На конкурсот „Млади поети“ објавен од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Сергеј Костовски, Дајана Сиљаноска и Марија Петреска со своите поетски творби беа избрани во најдобрите творби а со тоа да бидат застапени како автори во стихозбирката, малата анталогија за поезија.
Ментор на учениците е професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.