Светскиот ден на океаните е глобален ден за прослава на океаните и соработка за подобра иднина. Здравите океани се од клучно значење за нашиот опстанок. Секоја година, Светскиот ден на океаните обезбедува единствена можност за почит, помош, заштита и зачувување на светските океани.
Оваа година, темата е: „Наши океани, наша иднина“. Океаните покриваат околу две третини од површината на Земјата и се темелите на живот. Тие произведуваат поголем дел од кислородот што го дишеме, апсорбираат голем дел од емисиите на јаглерод диоксид, обезбедуваат храна и хранливи материи и ја регулираат климата. Тие се и економски важни за земјите кои се потпираат на туризмот, риболовот и други морски ресурси за приходите, а воедно се како ‘рбет за меѓународната трговија.
WebOhrid