Престижната професионална програма за развој на филмски проекти „MIDPOINT Feature Launch“, својата прва сесија, во соработка со Агенцијата за филм на РМ, ќе ја одржи од 10 до 16 Јуни на Филмската Академија во Охрид, по што ќе следува и втора работилница, која од 15 до 21 Октовмри ќе се одвива во Прага. На двете работилници ќе учествуваат 9 проекти, помеѓу кои е селектиран и проектот „19“, на младата режисерка Косара Митиќ.
Покрај споменатата работилница, во исто време во Охрид ќе се одржи и работилницата „MIDPOINT Intensive Macedonia“, на која тимовите од режисер и продуцент на 3 македонски проекти ќе работата на креативниот развој на сценариото, како и на продукциските аспекти на нивните филмови. По работилницата, ќе бидат овозможени наменски онлајн консултации, во зависност од потребите на секој од проектите. Оваа работилница ќе биде предводена од искусниот консултант за сценарија Павел Марек и истата ќе биде придружена со пленарни сесии и еден-на-еден средби со меѓународен тим на експерти од различни области на аудиовизуелната индустрија, како што се Даниел Хочевар, Елма Татарагиќ, Габриела Брунмајер и Огнен Свиличиќ. Македонските проекти кои ќе учествуваат на оваа работилница се: „Летото на Силвија“ на Андреј Волкашин и Елена Станишева, „Изгубениот син на Пашата“ на Сенад Абдули и Газменд Изаири и „Снежана умира на крајот“ на Кристијан Ристески и Симеон Дамевски.
Инаку програмата „Мидпоинт“ е формирана на ФАМУ Прага во 2010 година, со цел зајакнување на креативна соработка помеѓу сценаристите, режисерите и продуцентите, во процесот на развој на филмскиот проект. Во изминатите години, „Мидпоинт“ прерасна во една платформа која обезбедува повеќе видови на работилници кои покриваат разни области на филмската и ТВ драматургија и систематски им помaгa на филмаџиите во текот на целиот процес на развој.
„Мидпоинт“ има повеќе од 500 дипломирани студенти, претежно млади филмаџии од Централна и Источна Европа. Филмаџиите кои ја заврѓија програмата „Мидпоинт“ понатака со своите филмови постигнувале успеси на фестивали како Берлинале, Карлови Вари и Канскиот филмски фестивал.
„Мидпоинт“ остварува партнерство со водечките платформи, филмски школи, обезбедувачите на обука и национални филмски фондови во Европа и САД, како што се Sundance Institute, Mediterranean Film Institute, EAVE, HBO Europe, Berlinale Talents, Torino Film Lab, When East Meets West, PWSFTviT Łódź, VŠMU Bratislava, UNATC Bucharest and dffb Berlin, а од оваа година и со Агенцијата за филм на Македонија.