На првиот „Отворен ден со граѓаните” министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со 25 граѓани.
На средбите граѓаните ги кажуваа проблемите со коишто се соочуваат во рамките на институциите кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика. При тоа, тие пријавуваа злоупотреби, бараа решавање на нивните проблеми со кои се соочуваат што покажува дека системот не функционирал, но даваа и предлози за унапредување на системот на социјалната заштита.
Министерката Царовска ги ислуша нивните проблеми и вети подобрување на системот на социјалната заштита со цел отвореност на сите и за сите граѓани коишто имаат проблеми и коишто се наоѓаат во ризик. Граѓаните изразија задоволство од можноста за своите проблеми да поразговараат со првиот човек кој раководи со секторот труд и социјална политика и надеж дека овој пристап ќе продолжи понатаму.
Инаку, секој петок од 9 часот до 13 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамките на “Отворениот ден со граѓаните” ќе остварува средби со граѓаните на Република Македонија, во просториите на Министерството за труд и социјална политика коиштои може да се јават на телефонскиот број 02/3106 212 и да закажат прием.