СДСМ со соопштение до јавноста, во кое стои:
„Транспарентноста, отвореноста и демократскиот однос кон граѓаните и медиумската јавност што новата Влада ги покажува во своето работење за ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски се мисловна именка.
Граѓаните на Р.Македонија после цели 11 години узурпиран државен систем и заробени институции, ги чувствуваат придобивките од демократското владеење на новата реформска Влада предводена од СДСМ. Демократските процеси незапирливо продолжуваат во насока на спроведување на реформите што се во интерес на граѓаните и државата и што ќе донесат правда, еднаквост и квалитетн живот за сите.
ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски и во опозиција покажува автократски режимски манири што ги поседува и затоа бесрамно признаваат дека се против отворена дебата со граѓаните, невладините организации и целокупната јавност. ВМРО-ДПМНЕ не може да го замолкне гласот на граѓаните и на критичката јавност и да ја спречува дебатата како демократска вредност.
Чесните членови, активисти и политичари во ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од криминалното раководство предводено од Груевски, за да можат како опозиција совесно и конструктивно да делуваат во интерес на граѓаните и да се вклучат во реформските процеси за доброто на граѓаните и државата.“