Министерот Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Жељко Павлица и Франк Вијнвелд, претставниците на УЕФА кои се вклучени во организацијата на претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Министерот Спасовски на претставниците на УЕФА им соопшти дека сите расположливи капацитети на МВР ќе бидат ставени на располагање за успешна организација на овој настан. Претставниците на УЕФА го потенцираа огромното значење на МВР за организација на овој натпревар.