Турскиот театар со претставата „Отело“ вечерва ќе настапи на 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго).
Турскиот театар со оваа претстава гостуваше и на 25. Меѓународен театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна, Република Бугарија.