Православните верници денеска го слават празникот посветен на Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. По тој повод во село Рамне, во црквичката на овој светец многу верници палеа свеќи, се молеа за здравје и среќа. Годинешната кума Наташа Терзиоска даде ручек за присутните верници. Годинава Свети Атанасиј Велики – летен, 15 мај ќе го слави кумот Зоран Лекоски.
Ангелче Андриоски/WebOhrid