Екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, деновиве се ангажирани на хортикултурно уредување на парковите покрај кејот и кружните токови на бул. „Туристичка“.
Се заменуваат старите садници од сортата „виола” и се заменуваат со нови садници од сортата „лепи Јово” и “џунџуле”. Друг дел од екипите се ангажирани на косење на тревата во парковите, и се започна со наводнување на истите во раните утрински часови.