Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денес во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Н.Е. Мирослав Рамеш.
Министерската Шекеринска упати благодарност за досегашната поддршка на Чешката Република и рече дека очекува оваа поддршка да продолжи во претстојниот период за што поскора покана за членство во Алијансата.
„Ние имаме одлична билатерална соработка и подготвени сме и понатаму истата да ја продлабочуваме, преку размена на искуства стекнати од мисиите и мигрантската криза, размена на кадети и предавачи, реализирање на заеднички вежби“, рече министерката Шекеринска.
Амбасадорот Рамеш истакна дека Чешката Република има одлична соработка на полето на одбраната со Република Македонија.
На средбата се разговараше и за искористување на капацитетите на Центарот за обука на пилоти за обука на чешките пилоти.