Известување во врска со прес конференцијата на Народниот правобранител

Министерството за труд и социјална политика е отворено за сите иницијативи коишто се доставуваат како од институции, така и од поединци, здруженија на граѓани и сл. и секоја иницијатива што е од интерес за нашите корисници се разгледува.

„Во врска со Иницијативата за изготвување предлог за изменување и дополнување на одредбите од Законот за заштита на децата за која ги информираше медиумите Народниот правобранител известуваме дека до овој момент ваква Иницијатива се уште не е доставена до Министерството за труд и социјална политика, но напоменуваме дека кога ќе биде доставена ќе биде внимателно разгледана.

Во таа насока, сакаме да ја известиме јавноста дека на почетокот на идната недела министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе оствари средба со народниот правобранител Иџет Мемети на која што ќе се разговара на повеќе теми и прашања, и веројатно ќе стане збор и за оваа Иницијатива за која откако ќе биде разгледана Министерството за труд и социјална политика ќе се произнесе и ќе заземе став.“– велат од МТСП.