Почувствувани два земјотреси во Охрид

Два земјотреси беа почувствувани во Охрид во период од 6 часа. Првиот беше синоќа во 02:00 часот, додека пак вториот утрово во 08:00 часот.

Првиот земјотрес беше со интензитет од 3.4 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри, со епицентар на 9 километри источно од Охрид; додека пак вториот беше со интензитет од 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри, со епицентар кај селото Скребатно.

WebOhrid