Примопредавање на должноста директор на УЈП

По повод примопредавањето на должноста, денеска беше остварена средба помеѓу новата директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и досегашната, Анастасија Илиеска.

На средбата, меѓуостанатото, се разговараше за тековните проблеми, предизвици на даночната администрација, модернизацијата и даночните реформи.

„Да се биде Директор на УЈП е предизвик за секој даночник. Со моето долгогодишно искуство во УЈП, функцијата на прв даночник и да се управува со даночната администрација е голема одговорност, особено ако се земе предвид дека станува збор за институција која истовремено треба да обезбеди праведно и ефикасно собирање на даноците, но и да го сервисира стопанството и да обезбеди висок квалитет на услуги за сите граѓани. Она што би сакала да го потенцирам е дека моето делување и посветеност ќе биде во насока на понатамошно остварување на мисијата и визијата на Управата, но и кон нов квалитет на даночните реформи засновани на зголемување на транспарентноста, активна и неселективна борба против неплаќачите на данок, поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на даноците и секако грижа за моите колеги, односно унапредување на професијата даночник“ – истакна Директорката на УЈП, Сања Лукаревска.